Автобуски програми
Туристите имаат право да го понесат следниот багаж:
Еден куфер / патна торба за багажниот простор на автобусот (во нормален обем до 25 кг);
Рачен багаж за во автобус (во нормален обем со тежина до 5 кг). Препорачливо е да се минимизира рачниот багаж.
Багаж и Ваша безбедност - Предмети наведени подолу се забранети за превоз:
Туѓ багаж;
Бела и црна техника;
Наркотични материи (без рецепт);
Животни и растенија;
Садови под притисок;
Експлозиви;
Огномет и муниција;
Запаливи цврсти и течни супстанции;
Корозивни супстанции;
Отровни и заразни супстанции;
Радиоактивни супстанции.
Авионски програми
Чекиран багаж - На патниците им е дозволено бесплатно да понесат чекиран багаж во рамките на одредени норми / големина и килограми /, кои се различни за одделни авиопревозници, класа или маршута. За багажот надвор од пропишаните норми се доплаќа за дополнителен багаж.
Бебињата и децата до 2 години немаат право на бесплатен багаж, освен пренослив релаксатор за бебиња и / или бебешка количка на склопување и бебешка храна за летот.
Рачен багаж - Патниците можат бесплатно да понесат кабински багаж во патничката кабина во рамките на одредени норми / големина и килограми /, кои се различни за одделни авиопревозници, класа или маршута. Препорачливо е да се минимизира рачниот багаж.
Багажот и вашата безбедност - Од безбедносни причини, предметите наведени подолу се забранети за превоз во вашиот багаж:
Садови под притисок;
Експлозиви;
Огномет и муниција;
Запаливи цврсти и течни супстанции;
Корозивни супстанции;
Отровни и заразни супстанции
Наркотици;
Радиоактивни супстанции.
Сите видови ножеви и ножици, лак за нокти и други остри предмети, играчка која личи на оружје, итн. се носат во чекиран багаж за товарниот простор на авионот.
Животни и растенија не можат да се транспортираат како рачен багаж.
По исклучок во рачниот багаж може да бидат дозволени лекови и козметика.
* Проверете ја информацијата за максималната тежина на багажот (без доплата) што ќе ја добиете при купувањето на авиобилетот. Дополнителниот багаж го доплаќа патникот на аеродромот по тарифа што ја определува авиокомпанијата.