Кога се пријавувате за патување, треба да ги носите следниве документи со вас:
· Вашата лична карта потребна за потпишување на договор за организирано патување;
· Јасен примерок од втората и третата страница на важечки пасош на лицата кои ќе учествуваат на патувањето;
· Индекс - во случај да користите студентски попуст;
· Копија на извод од матична книга за венчани не постар од 6 месеци од датата на пријавеното патување за кое има предвидено попуст за младоженци.
При резервација за патување, нашите колеги ќе ги издадат следните документи:
· Договор за организирано патување;
· Ваучер од ТА Бохемиа;
· Гискална сметка за уплатениот износо од вас;
· Формулар за пријавување на дополнителни туристички услуги;
· Формулар за информации за туристите;
· Копија од целосните услови на задолжителното "Патничко осигурување" за патување надвор од земјата;
· Потврда за склучено осигурување од одговорност за ТА – лиценца А;
· Фактура (по барање на клиентот) по прибавување на неопходните податоци за нејзино издавање.
За време на патувањето неопходно е да ги понесете следниве документи:
Вашиот важечки пасош
Лична карта – со лична карта можете да патувате само ако патувате низ земји кои не бараат пасош за влез во земјата.
Важечка возачка дозвола (ако планирате да изнајмите автомобил);
За лица под 18 година со македонски документи за идентификација кои патуваат сами или со едниот од родителите - нотарски заверена изјава од родителот (родителите), кој не патува, дека е согласен нивното дете да патува во странство за наведениот период и дестинација, со телефон на нотарот и име на лицето одговорно за детето за време на патувањето;
Копија од заверена нотарска пријава (за лица под 18 години со македонски лични документи);
Копија од втората и третата страница на важечкиот пасош.