Одмор на остров Санторини, Периса - чартер програма!

Софија – Санторини – Софија

Одмор со авион
8 дена

Хотел "Anthea Villas" ***


(Старо име "Villa Vergina") е лоциран на 30 метри од плажата и на кратко пешачко растојание од раздвижениот центар на Периса. На 13 километри од Периса се наоѓа град Фира, главниот град на Санторини. Хотелот располага со базен со бар, со богат избор на освежителни коктели. Собите се опремени со клима уред, купатило, фен и сателитска телевизија. На 7 км од хотелот се наоѓа пристаништето, а на 16 км. - аеродромот. На 70 метри од хотелот има автобуска постојка.

 

Остров Санторини е рај за туристите, неверојатната комбинација од античка историја, долго сончево лето, кристално чисто море, одлични плажи, прекрасна клима, уникатна архитектура и гостопримливи жители. Сето ова го претвора островот во посакувана туристичка дестинација и едно од најпосетените места на Медитеранот.

 

Хотел "Veggera".


Се наоѓа на 20 метра од плажата и е сосем близо до центарот на Периса, а главниот град Фира е на 15 км од хотелот.

 

Во хотелот има: два стандартни базени, еден за деца, џакузи, чадори,лежалки и бар околу базениот, ресторан, фитнес, детско игралиште, мини маркет и интернет. 

 

Во собите: телевизор со сателитска телевизија, фен, телефон и балкон со изглед кон морето, планината или базенот.

 

 

 

 

Хотел "Meltemi Village" 4* 

 

Хотел "Meltemi Village"4* се наоѓа во Периса и само на 350 метра од плажата. Исто така е многу близу до основните атракции на Периса. 

Собите во хотелот имаат купатило со када/туш, фен за сушење, клима, телефон, телевизор, бесплатен Wi-Fi интернет, мал фрижидер, балкон/тераса во поголем дел од собите.

Хотелот располага со базен, детски кат, фитнес центар, паркинг и бесплатнен Wi-Fi интернет. Чадорите и лежалките на базенот се бесплатни.

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СофијаСанторини

Собир на групата на аеродром Софија во 04:30 ч. Поаѓање во 6:35 ч. за остров Санторини со директен чартер лет. Слетување на аеродромот на остров Санторини во 8:05 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време за плажа. Ноќевање.



2
Санторини

Појадок. Слободно време за плажа или по желба и претходна резервација:


Полудневна екскурзија до Фира и винарија "Santo Wines" (околу 5 часа.): Фира е главниот град на Санторини, кој го одразува влијанието како на кикладската, така и на венецијанската култура. Пешачка прошетка: трговската улица, двете катедрали (православна и католичка). Слободно време и можност за посета на Археолошкиот музеј, Музејот на праисториска Тира или Музејот на фолклорот. Посета на винаријата "Santo Wines" со можност за дегустација на висококвалитетно санторинско вино.


Попладне, слободно време или по желба и претходна резервација: Екскурзија до Имеровигли (околу 2 ч. и 30 мин.) - традиционална Кикладска населба, изградена по работ на вулканскиот кратер, нарекувана "терасата на Егејско море" поради прекрасната глетка, која се открива кон калдерата . Ноќевање.



3
Санторини

Појадок. Слободно време за плажа или по желба екскурзија со бродче (со времетраење околу 6 ч.): Посета на остров Неа Камени, каде што ќе можете да се искачите до кратерот на сеуште активниот вулкан; пауза за пливање во залив околу остров Палеа Камени; посета на Тирасија - прекрасен остров со традиционална Кикладска атмосфера, каде ќе имате можност за плажа или посета на главниот град Манолас . До градот може да се стигне пешки или на магаре - традиционален начин за придвижување на Санторини. Ноќевање.

4
Санторини

Појадок. Слободно време за плажа или по желба и претходна резервација:



Екскурзија до Пиргос, Мегалохори и манастирот "Пророк Илија" (околу 4 часа). Пиргос е населба, изградена по падината на планината Пророк Илија, со куќи кои се наредени околу остатоците од венецијанска тврдина. Мегалохори е мала населба со прекрасна атмосфера и убави цркви. Манастирот "Пророк Илија" е најинтересниот манастир на Санторини со импресивен панорамски поглед на целиот остров. Вечерта по желба и претходна резервација: трансфер до град Иа за набљудување на најубавиот залез во светот (околу 4 часа). Ноќевање.

5
Санторини

Појадок. Слободно време за плажа.



По желба и претходна резервација: Walking Tour (околу 4 часа) – главниот град Фира - Фиростефани - Имеровигли – Иа (должина - 10 км): трансфер до Фира за почеток на најинтересниот Walking Tour на остров Санторини – Пешачката маршрута поминува низ најпознатите места на островот и над величествената вулканска калдера, од каде се откриваат импресивни глетки. Се поминува по патека, која во минатото се користела од древни трговци, фармери и морнари. Можност за разгледување на неколку мали цркви и да уживате во убав поглед кон стотиците бели куќички, распоредени на калдерата. Завршување на Walking Tour-ата во Иа. Трансфер до хотелот. Ноќевање.

6
Санторини

Појадок. Слободно време за плажа.


По желба и претходна резервација: Екскурзија до Акротири, Црвената плажа и Емборио (околу 5 часа). Акротири е една од најзначајните и интересни историски населби не само во реонот на Егејско Море, но и во целиот свет. Можност за посета на археолошкиот локалитет, кој денес е познат како "Грчката Помпеја". Црвената плажа е најпознатата плажа на остров Санторини, која што претставува насип од црвенкасти камчиња и песок под високи црвени карпи. Емборио е гратче со типична за Кикладите архитектура и со остатоци од импресивна венецијанска тврдина.



Приквечер, по желба и претходна резервација: трансфер до главниот град Фира и населбата Фиростефани, ќе имате можност за пријатна прошетка во двете населби и вечера во некоја од прекрасните таверни. Ноќевање.

7
Санторини

Појадок. Слободно време за плажа.


По желба и претходна резервација: Walking Tour (околу 3 часа) - Камари - Античка Тира - Периса (должина - 4 км). Трансфер до Камари за започнување на Walking Tour-aта - Маршрутата за пешачење поминува по карпестите падини на планината Меса Вуно. Ќе достигнеме до археолошкиот локалитет Античка Тира за разгледување на остатоците од античката населба, која што некогаш била главен град на колoнизаторите од Спарта. Можност за фотографирање и посета на мала црква, посветена на Св. Богородица. Завршување на Walking Tour-ата во Периса. Трансфер до хотелот.



Вечерта, по желба и претходна резервација - грчка вечер со бузуки музика во живо и фолклорна програма во таверна "Dimitris", во одморалиштето Камари. Ноќевање.

8
СанториниСофија

Трансфер до аеродромот на остров Санторини во 06:45 ч. Заминување за Бугарија во 08:55 ч. со директен чартер лет. Слетување на аеродромот во Софија во 10:20 ч. по локално време.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Полудневна екскурзија до главниот град Фира и посета на винаријата "Santo Wines" - при минимум 10 туристи
од 12 г.
€29
од 2 г. до 11 г.
€14
Посета на град Иа за набљудување на најубавиот залез во светот - при минимум 10 туристи
од 12 г.
€22
од 2 г. до 11 г.
€11
Екскурзија до Имеровигли - при минимум 10 туристи
од 12 г.
€17
од 2 г. до 11 г.
€8.50
Екскурзија со бродче до вулканот и островите Неа Камени, Палеа Камени и Тирасија (без вклучена влезница за кратерот) - при минимум 12 туристи
од 12 г.
€38
од 2 г. до 11 г.
€19
Полудневна екскурзија до Пиргос, Мегалохори и манастирот "Пророк Илија" - при минимум 10 туристи
од 12 г.
€17
од 2 г. до 11 г.
€9
Полудневна екскурзија до Акротири, Црвената плажа и Емборио (без вклучена влезница за Акротири) - при минимум 10 туристи
од 12 г.
€17
од 2 г. до 11 г.
€9
Tрансфер до главниот град Фира и населбата Фиростефани
од 12 г.
€17
од 2 г. до 11 г.
€9
Walking tour (околу 4 ч.): Главниот град Фира - Фиростефани - Имеровигли - Иа (должина - 10 км). Вклучува трансфер од хотелот до главниот град Фира и обратен трансфер од Иа до хотелот. Водич од агенцијата и шише минерална вода (500 ml) за време на турата - при минимум 5 туристи (се спроведува при соодветни временски услови и се туристи САМО во добра физичка состојба!)
од 12 г. до 80 г.
€25
Walking tour (околу 3 ч.): Камари - Античка Тира - Периса (должина - 4 км). Вклучува трансфер до Камари, посета на Античка Тира, влезница за Античка Тирана, водич од агенцијата, шише минерална вода (500 ml) за време на турата. - при минимум 5 туристи (се спроведува при соодветни временски услови и се туристи САМО во добра физичка состојба!)
од 12 г. до 80 г.
€30
Пакет од 4 екскурзии (1. Полудневна екскурзија до Акротири, Црвената плажа и Емборио; 2. Полудневна екскурзија до Пиргос, Мегалохори и манастирот "Пророк Илија"; 3. Екскурзија до Имеровигли; 4. Трансфер до главниот град Фира и Фиростефани)
од 12 г.
€50
од 2 г. до 11 г.
€25
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија.
од 65 г.
€0
Цената на дополнителните екскурзии и услуги, платени за време на патувањето е со 20% повисока!
од 2 г.
€0
Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** (без појадок) пред датумот на поаѓање + трансфер хотел - аеродром (цена на турист при сместување во двокреветна соба)
од 0 г.
€15
Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** (без појадок) пред датумот на поаѓање + трансфер хотел - аеродром (цена на турист при сместување во еднокреветна соба)
од 0 г.
€28
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Софија - остров Санторини - Софија за директен чартер лет на авиокомпанија "Bulgaria Air" со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж до 5 кг и чекиран багаж до 20 кг
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
7 ноќевања со појадок во избраниот од вас хотел во Периса, на остров Санторини
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Претставник од агенцијата
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Такса гориво и загадување - се објавува 21 дена пред летот (се доплаќа задолжително, во случај да биде објавена таква)
Такса престој(Туристичка такса за ноќевање во Грција, која се плаќа на рецепција на секој хотел - 0.50 EUR на соба на ден во хотел 2* , 1.50 EUR на соба на ден во хотел 3* , 3.00 EUR на соба на ден во хотел 4* и 4.00 EUR на соба на ден во хотел 5*)
Грчка вечер со бузуки музика во живо и фолклорна програма во таверна "Dimitris", во одморалиштето Камари
Ручеци
Вечери
Полудневна екскурзија до главниот гард Фира и посета на винаријата "Santo Wines"
Дегустација на 1 вид црвено / бело вино во винаријата "Santo Wines" (околу 2 EUR)
Посета на град Иа
Полудневна екскурзија до Пиргос, Мегалохори и манастирот "Пророк Илија"
Екскурзија до Имеровигли
Полудневна екскурзија до Акротири, Црвената плажа и Емборио
Влезница за Акротири (12 EUR)
Трансфер до Фира и Фиростефани
Екскурзија со бродче до вулканот и островите Неа Камени, Палеа Камени и Тирасија
Walking tour: главниот град Фира - Фиростефани - Имеровигли - Иа (должина - 10 км)
Walking tour: Камари- Античка Тира - Периса (должина - 4 км)
Влезница за кратерот на вулканот на остров Неа Камени (2,5 EUR)
Влезница за Праисторискиот музеј (6 EUR) и Археолошкиот музеј (6 EUR) во главниот град Фира
Влезни такси за други музеи, објекти и манифестации, кои што се посетуваат по желба
Трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје
Градски превоз
Трошоци од личен карактер
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Организаторот го задржува правото да ги менува правците и распоредот или да помести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Деца до 1.99г. плаќаат 26 еу, без да користат седиште во авионот и во автобусот за време на трансферите. Децата до 1.99 г. не користат дополнителен лежај, користат бебешко креветче или се сместени на креветот на родителите!
Промени во маршрутата и програмата за време на екскурзиите поради виша сила или несоодветни временски услови не даваат право на поврат на средства за екскурзијата.
Услови за резервација: депозит - 35% од основната цена + цената на дополнителните екскурзии; целосна исплата - до 30 дена пред датумот на поаѓање.
Услови за анулирање: до 31 дена пред почетниот датум: 35% од основната цена; от 30 дена до почетниот датум на патување - 100%.
За плаќање на екскурзии на лице место не се прифаќаат кредитни картички.
Во случај на откажување на екскурзија под 24 часа или непојавување се предвидуваат 100% отказни трошоци.
При посета на цркви не се дозволува влез со голи раменици и колена.
За да се реализираат дополнителните услуги и настани по програмата, потребно е да ги побарате уште при склучувањето на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со достигнување на минимален број туристи и со претходни резервации.
Во Грција се валидни следните попусти за влезници при посета на музеи и археолошки локалитети: деца до 18 година - бесплатно (по прикажување на документ за идентификација); лица над 65 година - 50% попуст од вредноста на влезната такса (по прикажување на документ за идентификација); студентите поседуваат меѓународни студентски карти ISIC - бесплатно (по прикажување на истата).
Временска разлика: Македонија 11 ч .; Грција 12 ч.
Бохемиа BeFlex – 10% од основната цена на патувањето: можност за промена на датата на патување за истата програма или отказ од патувањето без отказни трошоци (сумата се враќа под форма на ваучер за патување) до 35 дена од првично избраната дата. Може да се најави до 5 дена от правење на резервација. За дополнителни инфомации – на веб страницата на агенцијата, катологот „Патувај комфортно 2017“ или вашиот агент.
Бохемиа MultiFlex – 20% од основната цена на патувањето: можност за смена на програмата или отказ на патувањето без отказни трошоци (сумата се враќа под форма на ваучер за патување) до 35 дена од првично избраната дата.Може да се најави до 5 дена от правење на резервација. За дополнителни инфомации – на веб страницата на агенцијата, катологот „Патувај комфортно 2017“ или вашиот агент.
Медицински и здравствени услови:
Грција: Нема медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно – пасошки режим:
Грција: Македонските државјани, кои што патуваат за земјата, потребно е да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегување во земјата.
Патувањето се спроведува при минимум 100 пријавени туристи.