
1 |
| ||
Полетување од аеродромот во Софија (терминал 2) до Хургада со директен чартер лет на авиокомпанијата „BH air“ / „Bulgaria air“. Слетување на аеродромот во Хургада (распоредот на летот ќе го добиете со финалните документи пред поаѓање!). Пречек од партнерската компанија. Трансфер до хотелот. Сместување во хотелот после 14:00 часот. Ручек. Слободно време или можност за дополнителни екскурзии со доплаќање (се избира само една од опциите): 1. Полудневно сафари со вклучена вечера. Поаѓање од хотелот околу 14:00 часот. Вашето запознавање со Египет ќе биде нецелосно доколку го пропуштите патувањето во пустината на сафари. Ќе имате можност да стекнете уникатни впечатоци од возењето на четирицикли и кабриолет со две седишта (Лицата помлади од 16 години не можат сами да возат четирицикли и кабриолети со две седишта), а навечер ќе уживате во фолклорно шоу (јога, дервиши, ориентални танци). Враќање во хотелот околу 20 часот. 2. Полуподморница - „Sea scope“ заедно со 30 мин. шнорхелинг. Поаѓање од хотелот околу 14:00 часот. За време на турата „Sea scope“ ќе можете да уживате во прекрасните корални гребени на Црвеното Море преку стаклени прозорци, ќе имате можност да пливате во кристално чистите води на Црвеното море и да нуркате и уживате во еден од најдобрите подводни светови. Вечера. Ноќевање. | |||
2 |
| ||
Појадок (сув пакет). Поаѓање за градот Ќена (околу 04:30-05:30 часот) и посета на храмот Дендера. Храмот Дендера е еден од највпечатливите храмови од доцниот египетски период. Посветен е на божицата Хатор и е еден од најдобро зачуваните храмови денес со преостанати бои. Го содржал астрономскиот зодијак на Египќаните. Поаѓање за Луксор - една од античките престолнини на Египет. Посета на храмовиот комплекс Карнак. Ова е најголемиот верски комплекс во светот, кој претставува своевиден приказ на достигнувањата на египетската архитектура за време на владеењето на 30 фараони. Религиозниот комплекс се состои од три главни храмови и неколку помали. Ручек. Посета на храмот во Луксор, сместен на остатоците од античка Теба. Големиот храм во Луксор, изграден е од Рамзес II и е посветен на боговите Амон Ра, Мут и Хонсу, и импресионира со огромните папирусни колони. Посета на продавница за папирус. Сместување на бродот за крстарење. Вечера. Ноќевање. | |||
3 |
| ||
Рано наутро (поаѓање од бродот околу 04:00-05:00 часот) факултативно и со претходно пријавување, возење со балон над западниот брег на реката Нил (под соодветни временски услови). Летот со балон ќе ви даде неверојатна можност да уживате во Луксор одозгора. Ќе имате можност да ги видите погребните храмови на Големите фараони на Новото Кралство, како што се Тутмос 4, Рамзес 2, Сети 1, Рамзес 3, Хатшепсут, Долината на благородниците, долината на кралиците, реката Нил, самиот град Луксор и многу други. Појадок (или сув пакет доколку учествувате во возењето со балон). Програмата продолжува со поаѓање за Деир ел-Бахри – комплекс од кралски гробници и погребни храмови од времето на Новото Кралство, лоцирани на западниот брег на р. Нил. Посета на долината на кралевите, каде што се наоѓаат 62те гробници на фараоните, од кои едната е онаа на Тутанкамон, откриена во 1922 година; неверојатниот храм на Хатшепсут – првата жена фараон, која владеела со Египет две мирни децении; Колосите од Мемнон – две масивни камени статуи кои го прикажуваат седечкиот фараон Аменхотеп III. Кога биле подигнати во 1350 г. п.н.е го чувале влезот во погребниот храм на фараонот. Посета на продавницата за алабастер. Враќање во бродот за крстарење и ручек. Попладне слободно време на бродот додека плови по реката Нил, минувајќи низ преводниците на Есна до Едфу. Вечера и ноќевање на брод. | |||
4 |
| ||
Тргнување од бродот околу 06:30 часот. Рано наутро разгледување на храмот во Едфу, посветен на богот Хорус, синот на Изида и Озирис. Изградбата на храмот започнала во 237 г. п.н.е., за време на владеењето на Птоломеј III и завршила речиси 2 века подоцна, во 57 година, за време на владеењето на Птоломеј XII - таткото на познатата Клеопатра. Враќање на бродот. Појадок. Пловење до Ком Омбо. Ручек. Пристигнување и посета на храмот Ком Омбо. Изграден е во хеленистичката ера, т.е. за време на Птоломејскиот период, и е необичен двоен храм посветен на Собек - богот на крокодилите и Хорус - богот на соколите. Поаѓање за Асуан и слободно време на бродот. Вечера и ноќевање на бродот. | |||
5 |
| ||
Појадок. Слободно време во Асван - најјужниот град во Египет, познат по своите каменоломи. Можност за самостојна прошетка низ колоритниот пазар во Асван или факултативна туристичка програма со претходно пријавување: автобуска екскурзија до Абу Симбел со вклучени влезници. Рано наутро поаѓање од бродот околу 04:30 часот. Абу Симбел се наоѓа на западниот брег на реката Нил. При изградбата на браната Насер, храмовите биле поместени за 65 м. повисоки од нивната оригинална локација. Има два антички египетски храма врежани во карпите со исклучително убава и импресивна фасада од времето на Рамзес II (околу 13 век п.н.е.), по неговата победа во Кадеш. Големиот храм е посветен на боговите Амон Ра, Хорус и Птах. Сликата на Рамзес доминира во целокупната декорација на храмот и зрачи со божествена моќ. Многу блиску до Големиот храм е т.н. Мал храм или храмот на Хатор и Нефертари. Ова е првиот храм во историјата на Египет посветен на кралица. Комплексот храмови денес е под заштита на УНЕСКО. Враќање на бродот околу пладне. Ручек на бродот. Попладне, факултативна туристичка програма со претходно пријавување: Комбо екскурзија - патување со брод флука и посета на ботаничката градина во градот Асуан и автентично нубиско село. Поаѓање од бродот со традиционална египетска флука која е брод со големо едро. Пловење по реката Нил и стигнување до ботаничката градина на градот Асуан. Разгледување на ботаничката градина. Потоа продолжуваме сп пловење со флуката по реката Нил и пристигнуваме до едно нубиско село. Го разгледуваме комплексот од куќи кои го претставуваат локалниот живот и обичаи. Ако е можно, посетета на нубиска куќа со можност да направите фотографирафии со крокодили. Враќање кон бродот за крстарење со флуката. Вечера и ноќевање на бродот. | |||
6 |
| ||
Појадок. Туристичка програма во регионот на Асуан: Високиот ѕид на браната Насер, што ја блокира реката Нил. Неговата изградба неколку пати бела одложувана поради политички недоразбирања и потреба од преместување на важни археолошки локалитети. Незавршениот обелиск – прекрасен споменик висок 42 m и тежок 1.200 тони, кој никогаш не бил завршен. Бил напуштен во карпата во која е врежан уште во античко време, поради пукнатина што се појавила. Посета на храмот на Изида. Првично, храмот се наоѓал на островот Филе, кој денес е поплавен од водите на браната Насер. Храмот бил спасен и пренесен на островот Агилика, благодарение на големата спасувачка операција на УНЕСКО. Ручек. Трансфер до железничката станица во Асуан за патувањето со ноќен воз до Каиро. Вечера во возот. Ноќевање. | |||
7 |
| ||
Појадок во возот. Програма за екскурзија во Каиро (вклучена во цената): Екскурзијата вклучува посета на едно од чудата на светот - Египетските пирамиди, кои пленат со својата величественост и мистерија. Од панорамската платформа во Гиза ќе уживате во поглед на метрополата Каиро. Нема да ја пропуштите и импресивната статуа на Сфингата. Ручек во локален ресторан (пијалоците не се вклучени). Посета на фабрика за парфеми. Подоцна, ќе го посетите и историскиот музеј во Каиро, во кој се сместени многу скапоцени експонати од ерата на древната египетска цивилизација. Во музејот се изложени повеќе од 12.000 артефакти од сите периоди на египетската историја. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање. Вечерта факултативно и со доплата: Вечерно крстарење во Каиро по реката Нил со вечера и шоу програма. Пловејќи по реката Нил, ќе можете да уживате во ноќните погледи на метрополата Каиро - град на контрасти. Турнејата со брод-ресторан трае околу 2 часа и вклучува вечера на шведска маса, шоу програма и трансфери од/до хотелот. | |||
8 |
| ||
Појадок. Трансфер до аеродромот во Каиро. Полетување за Бугарија со директен чартер лет на авиокомпанијата „BH air“ / „Bulgaria air“. Слетување на аеродромот во Софија (распоредот на летање со финалните документи ќе го добиете пред поаѓање!). |
Двокреветна соба со спална (не е загарантирана) | вклучено во цената |
Двокреветна соба со одделни кревети | вклучено во цената |
Дополнителен кревет во двокреветна соба за 1-во дете од 2 до 5,99 години | -204.52 € |
Дополнителен кревет во двокреветна соба за 1-во дете од 6 до 11,99 години | -153.39 € |
Еднокреветна соба | 350 € |