Одмор на Халкидики - втор крак Ситонија - 7 ноќевања

Рани резервации!

Скопје – Халкидики – Скопје

ЦЕНИ И ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ
Наведените цени се за едно лице за соодветното сместување.
ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА
ДЕН
1
СкопјеХалкидики
~360 km

Сместување во избраниот од Вас хотел по 14:00. Слободно време. Ноќевање

2
Халкидики

Слободно време за плажа. Ноќевање.

3
Халкидики

Слободно време за плажа. Ноќевање.

4
Халкидики

Слободно време за плажа. Ноќевање.

5
Халкидики

Слободно време за плажа. Ноќевање.

6
Халкидики

Слободно време за плажа. Ноќевање.

7
Халкидики

Слободно време за плажа. Ноќевање.

8
ХалкидикиСкопје
~360 km

Напуштање на хотелот до 12:00.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
7 ноќевања со појадок во избраниот хотел (со потврда)
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Транспорт
Такса престој(Туристичка такса за ноќевање во Грција, која се плаќа на рецепција на секој хотел - 0.50 EUR на соба на ден во хотел 2* , 1.50 EUR на соба на ден во хотел 3* , 3.00 EUR на соба на ден во хотел 4* и 4.00 EUR на соба на ден во хотел 5*)
Влезни билети за музеи, објекти и манифестации кои се посетуваат по желба, градски превоз
Трошоци од личен карактер
КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Хотел "Anna Christina Apartments" се наоѓа на 100 м од плажата на Метаморфозис и располага со базен, бар и детско игралиште. Гостите на хотелот можат да ја користат и скарата што се наоѓа во дворот на хотелот како и бесплатен интернет и паркинг. Дозволени се домашни миленици по потврда. Во собите има: кујна со прибор, фрижидер, клима, купатило со туш/када, тераса, бесплатен интернет, фен и сеф.
Хотел "Sithonia Village" е мал хотел кој што се состои од основна зграда и десет двоспратни бунгала и се наоѓа во одмаралиштето Геракини. Во близина на хотелот има песочна плажа. Гостите на хотелот можат да користат ресторан, бар, игралиште, пинг понг, интернет, сеф на рецепција и паркинг – бесплатно. Во собите има: клима, сателитска телевизија, фрижидер, купатило, фен, балкон.
Хотел "4-You Apartments" се наоѓа во одмаралиштето Метаморфозис на 150 метри од плажата и располага со базен и снек бар. Гостите на хотелот користат бесплатен интернет и паркинг во близина на хотелот. Не се дозволени домашни миленици. Во собите има: клима, телевизор, кујна со микробранова печка или печка за готвење, фрижидер, купатило, фен и тераса.
Хотел "Philoxenia bungalows" се наоѓа во одмаралиштето Псакудија на 150 метри од плажата. Хотелот располага со 155 соби со поглед кон градината или кон боровата шума. 147 од собите се двокреветни со можност за сместување на 3ти возрасен на дополнителен лежај и 8 се апартмани со две разделени соби. Хотелот располага со базен и бар покрај базенот како и билјард и пинг понг. Гостите на хотелот можат да користат бесплатен интернет и паркинг. Не се дозволени домашни миленици. Во собите има: купатило, клима, телефон, телевизор, фрижидер и фен.
Хотел "Simeon" се наоѓа на 70 метра од плажата во одмаралиштето Метаморфозис и располага со базен и снек бар. Гостите на хотелот можат да ги пробат грчките и интернационални специалитети во ресторанот на хотелот. Хотелот предлага бесплатен интернет и паркинг. Домашни миленици се дозволени само со доплата и со потврда од хотелот. Во собите има: сателитска телевизија, фрижидер, купатило, фен, клима и сеф.
Хотел "Melissa Gold Coast" се наоѓа во одмаралиштето Псакудија на 75 метри од плажата. Хотелот располага со базен за големи и базен за мали, џакузи, бар покрај базенот и крај плажата или beach бар. Хотелот предлага на своите гости бесплатен интернет и паркинг. Домашни миленици се дозволени по потврда од хотелот. Во собите има: фрижидер, балкон, клима, телевизор, телефон и кујна.
Хотел "Porfi beach" се наоѓа на прва линија на плажата во Никити и располага со три ресторани – сала за појадок со поглед кон градината или морето, основен ресторан "Sithonia" и традиционална таверна "Athos", а исто така и со два бара еден на плажата и на барот. Хотелот е заобиколен од борова шума и предлага на своите гости детско игралиште, базен, пинг понг и билјард, бесплатен интернет и паркинг. Домашни миленици не се дозволени. Во собите има: купатило, сателитска телевизија, фрижидер, клима, телефон, балкон, крпи, фен и сеф со доплата.
Хотел "Lagomandra hotel and Spa" се наоѓа во одмаралиштето Akti Lagomandra на 250 метра од плажата. Хотелот располага со: базен (за возрасни и деца), џакузи и таверна на плажата, а за љубителите на спортот има можност за игри на пинг понг, плажна одбојка, кошарка, фитнес, мини спа центар (сауна и масажи со доплата). На територијата на хотелот има и мини маркет, продавница за сувенири, клуб за деца и фризерски салон. Гостите на хотелот можат да користат интернет и паркинг. Во собите има: клима, сателитска телевизија, фрижидер, сеф, телефон, интернет, фен, купатило, балкон со поглед кон градината или морето.
Хотел "Village Mare" се наоѓа на 100м. од плажата и на 2 км. од центарот на одмаралиштето Метаморфозис. Хотелот располага со 3 базени, сопствена плажа, 24-часовна рецепција, автомобили, мотори и велосипеди на изнајмување, чадори и лежалки (со доплата), бесплатен интернет и паркинг. Дозволени се домашни миленици – по потврда од хотелот. Во собите има: клима, купатило, фен, телефон, минибар, балкон, сателитска телевизија, сеф (со доплата).
Хотел "Blue Dolphin" се наоѓа на прва линија на плажата на одмаралиштето Матаморфозис. Хотелот располага со: wellness центар, 2 базени за деца и возрасни, сопствена плажа, продавница за сувенири, клуб за деца, бесплатен интернет и паркинг. Спа центарот вклучува: сауна, парна бања, џакузи, масажи. Гостите на хотелот можат да користат чадори и лежалки на плажата со доплата, а покрај базенот истите се користат бесплатно. Исто така доколку сакаат гостите, хотелот може да им предложи крпи за базенот со доплата. Во собите има: балкон, клима, купатило, фрижидер, сателитеска телевизија, фен и сеф.
Хотел "Athena Pallas Village" се наоѓа во одмаралиштето Akti Elias и располага со: сопствена плажа, 2 ресторани (во основниот ресторант се сервира појадок и вечера, а другиот е тип таверна), мал спа центар (соба за масажи, сауна, џакузи, внатрешен базен), 3 надворешни базени, од кои едниот е за деца, тениско игралиште, бесплатен интернет и паркинг. Во собите има: клима, минибар, телефон, сеф и сателитска телевизија.
Други одмори во Грција »