
„Gotthard Panorama Express“ овозможува врска меѓу град Луцерн и Логано, комбинирајќи патување со воз и бродче. Првиот дел од град Лицерн до Флуелен е со бродче, а вториот дел од град Флуелен до Лугано се врши со воз. Во почетокот на патувањето климата е студена луѓето во областа зборуваат германски јазик, додека на крајот на патувањето климата станува помека и околината се населува од луѓе, кои говораат на италијански. Иако ова патување, кое трае 5:30 часа, не е толку познато меѓу туристите, тоа е поразлично од другите, поради комбинирањето на два вида транспорт. Додека на бродчето се предлагаат места од прва и втора класа, на возот има само прва. Возот има панорамни прозорци, како и откриени вагони за љубителите на фотографијата.