
Легендата раскажува, дека во далечните времиња ова место било населувано од скромни и богобојазливи луѓе. Ова го налутило ѓаволот, кој подготвил „ѓаволска вода“, која да ги натера луѓето да заборават на своето потекло. Откако жителите се напиле од оваа вода, тие организирале свадба меѓу брат и сестра. Ѓаволскиот план бил осуетен од вила, која според легндата и до денес бдее над ова место. Поради тоа што вилата не можела да ги вразуми зетот и невестата, започнала да се моли на Господ за тој да ја спречи оваа свадба. Господ ја чул молбата и ги соединил небото и земјата, така ги претворил луѓето во камен. Во Ѓаволскиот град можат да се видат два природни феномени - 202 камени формации со височина до 15 метри и два извори со вода со високо ниво на киселина и минерализација, кои локалитетот го прават во вистинско чудо на природата. Посетата на Ѓаволскиот град вклучува искачување до главната платформа во комплексот, од каде се открива невероатна панорама кон природниот феномен и планината Радан.