Абу Даби

Абу Даби, Обединети Арабски Емирати

Абу Даби е најголемиот од седумте емирати, кои ги образуваат Обединатите Арапски Емирати (ОАЕ). Абу Даби е и главниот град на државата и се наоѓа во северните делови на ОАЕ. Првично било село, основано во 60-те години на 18 век, а во 1795 г. станува седиште на владетелите на емиратот Абу Даби. Островот изобилува со слатководен извор , што станува причина за неговото населување и изградба на пристаниште. Островот придобива важност и во подоцнежните години, главно по откривањето на нафтените басени. Покрај тоа, седиштето на управувачкото семејство - Ал Нихијан - а Ал Ајн, се ноѓа во истоимената оаза на околу 160 км од Абу Даби. По 60-те години на 20 век, кога е откриена нафтата, Абу Даби многу брзо се развива. Според податоците за население во градот живеат околу 1 милион жители, од кои повеќето се емигранти. Абу Даби е најголемиот и најнаселениот емират од сите останати.

Зазема површина од близу 67 500 км кв., кое го прави околу 93,76% од територијата на ОАЕ. Населението му изнесува 896 751 жител. По суша се простира на југ до оазата Лиуа, каде се наоѓаат едни он најголемите песочни дини, а на исток - до древната оаза Ал Ајн. Долгата брегова линија - плитководниот Јужен залив, кој се простира од основата на Катарскиот Полуостров на запад, до границата со емиратот Дубаи на североисток, е место каде порано бил силно развиен ловот на бисери. Кога оваа индустрија пропаѓа, откривањето на нафтата во Јужниот Залив ја оживува економијата. Во  1962 г. Абу Даби станува првиот емират, кој изнесува нафта од наоѓалиштето Ум Шаифч.

 

Олицетвроение на раскошот и луксузот, кој е карактеристичен за емиратите, претставува 7 ѕвездениот хотел „The Emirates Palace”. Зградата има 114 столбови, а во декорацијата е застапен мермер и злато. Овој луксуз не е достапен само за гостите на хотелот, туку и за сите останати. Во Абу Даби се наоѓа Capital Gate, кој е признаен за најискривената зграда во светот. Освен модерните светкави и високи згради со најразлични фроми, во Абу Даби интерес претставуваат и некои културни споменици:

Џамијата Шах Зајед - ова е најголемата џамија во ОАЕ и третата по големина во светот. Го носи името на основачот и првиот претседател на државата - шах Зајед бин Султан Ал Нахајан, чиишто останки почиваат во неа. Огромната зграда може да собере до 40 000 верници.

Тврдината „Al Hosn” уште е наречена Белиот форт. Објектот е изграден во 1793 година и служела како резиденција на бившите претседатели. Во моментот е музеј со множество експонанти и историски фотографии.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Екскурзии и одмори до Обединети Арабски Емирати »