
Алгеро е прекрасен пристаништен град со вкус на Шпанија, расположен на западното крајбрежје на Сардинија. Тој освен што е популарен туристички објект, исто така е и современ пристаништен и трговски центар, кој ја зачувал традиционалната атмосфера на старата населба, опколен со ѕидини. Се' што е забележително и што претставува интерес за туристите е зачувано од времето на четиривековното каталонско владеење - катедралата на Катедралниот плоштад, црквата Св. Франциск и живите калдрмени улички. Поради големото шпанско влијание, градот е познат како Барселонета (малата Барселона). Во културата на Алгеро, дури е зачуван локалниот дијалект, во кој се приметува силното шпанско влијание. На север од градот се протегаат прекрасни плажи, во комбинација со живописните пештери, до кои се стигнува со бродче.