
Антананариво е главниот град на Мадагаскар и најголемиот негов град со население од 1 403 449 жители. Административен центар на провинција Антананариво. Се наоѓа во централниот дел на островот, на надморска височина од околу 1 500 метри. Антананариво е најголемиот град во државата и е центар на комуникациите, економијата и администрацијата на државата. Се произведуваат хранителни продукти, цигари и текстилни производи. Во градот се наѓаат Мадагаскарскит универзитет и Колеџ Рурал Дамбатоб. Антананариво е основан околу 1625 г. Во 1797 г. станува престолнина на царството на мерина. Освоените од цар Радама I територии го прават Антананариво престолнина на скоро цел Мадагаскар. Французите го заземаат градот во 1895 г. и тој станува дел од протекторатот Мадагаскар. Името на градот значи „Град на илјада“. Тананарив е француското име, под кое е познат градот.