
Арката на Адријан се наоѓа во близина на храмот на Зевс. Таа е подигната во чест на римскиот император Адријан во 131 г. н.е., кога неговите војски завладејале со градот. Подигната е на стариот пат, кој ја поврзува старата Атина со новосоздадениот римски град. Од двете страни на арката има натписи - на оваа, свртена кон Акрополот, пишува: “Ова е Атина, поранешниот град на Тезеј“, а од другата: “Ова е градот на Адријан, а не на Тезеј“.
Високата 18 м. врата е направена од мермер и декорирана во коринтси стил. Адријан е познат со релативно мирното владеење и брзиот развиток на изградбата во негово време. Тогаш се реконструирани и ѕидините околу Атина, а Акрополот е претворен во тврдина. Така градот се претвора во нешто како втора престолнина на римската империја.