
Новиот археолошкиот музеј во Лесбос се наоѓа во модерната зграда во близина на стариот музеј. Во новиот музеј се изложени елинистично-римски скулптути и мозаични фрески, донесени од ископните на ридот Св. Кириаки. Музејот е изграден во 1995 г. Во март 1999 г. се поставува постојана изложба “Лесбос од хеленистички до римски времиња“, каде се фокусира на најважните периоди во античката истроија на островот - од IV в. п.н.е. до III в. н.е. Целта на изложбата е да им го покаже на посетителите накратко социјлниот, економскиот и религиозниот живот на локалните жители низ различните периоди. Во трите сали на првиот спрат, посетителите можат да видат мозаици, фрески и предмети, најдени во римски вили. На вториот спрат се поставени скулптури - релјефи и статуи.