
Базиликата "Благовештение" е католичка црква во Назарет. Изградена е во 1969 г. на местото на рановизантиска црква, која покасно била разрушена од муслиманите. Базиликата се состои од две нивоа. Долниот дел вклучува пештера, во која се смета дека живеела Дева Марија и каде што ја добила Благата вест.
Црквата е изградена во исклучително модерен стил и е најголемиот христијански храм на Блискиот Исток.