Ботаничката градина "Андре Хелер"

Бреша, Италија

''Андре Хелер'' е ботаничка градина, која се наоѓа во градчето Гардоне, на западниот брег на езерото Гарда, Северна Италија. Уште се нарекува ботаничка градина ''Артуро Хруска''. Градината е создадена од Артур Хруска, австриец, кој бил заболекар на последниот цар, како и ботаничар. Тој го гради овој тропски крај од 1910 до 1971 г. користејќи ја предноста на заштитеното место и благата клима, за да засади егзотични видови. Градината е организирана како густа бамбусова гора со јапонски езера, потоци и водопади и алпски растенија. Централниот дел на градината пресоздава англиска долина со борови, северни дрва, стена, проломи и пукнатини, од кои водните извори паѓаат од доломитските карпи. Тука има повеќе од 500 растителни видови од цел свет, меѓу кои кактус, еделбајс, папрати, вклучително царски паптат, монголии, орхидеи, водни љиљани и дрва. Од 1988 г. до денес градината припаѓа на фондацијата, создадена од уметникот Андре Хелер, а делата на современата уметност се поставени меѓу растенијата, фонтаните и потоците во градината.

Екскурзии и одмори до Италија »