Булевар "Шанз - Елизе"

Париз, Франција

Авенијата се простира во должина на 3 км. меѓу плоштадите ''Конкорд'' и ''Де Гол - Етоал'' и е дел од историскиот ''триумфален пат'' на Франција. Во минатото тука имало полиња и градини, кои во 1616 г. Марија Медичи решава да ги претвори во алеја за прошетка. Авенијата ја придобива својата слава на модно место ба крајот на 18 век, кога е приширена и оформена во сегашниот вид. Во 1828 г. се додаени пешачки зони, фонтани, гзни ламби,а последната сериозна промена датира од 1993 г., кога одново биле проширени алеите за пешаци. Денес тоа е една од ''претставителните трговски витрини'' на Европа и место, каде се одржува годишната грандиозна воена парада, како и последниот круг од велосипедската трка ''Тур де Франс''

Екскурзии и одмори до Франција »