Вернаца

Чинкуе Тере, Италија

Вернаца е село во Северозападна Италија, регион Лигурија. Вернаца е едно од петте села, дел од крајбрежната област Чинкуе Тере. Селцето има 960 жители население и останува едно од највистинските рибасрки села на Италијанската ривиера. Првите информации за Вернаца датираат од 1080 г. До Вернаца не може да се стигне со кола или автобус. Оттаму минува воз, а по улиците на градот се движат велосипеди и мопеди. Една од главните забележителности во Вернаца е црквата Света Маргарита, изградена во 1318 г. Во околините на селото се наоѓаат остатоци од замок, кој припаѓал на семејството Дорија. Близу до него се наоѓа кулата Белфорте, која некогаш служела како кула за набљудување и го пазела градот од пирати. Жителите на Вернаца основно се занимавале со туризам, рибарство, производство на вино и масло.

Екскурзии и одмори до Италија »