Галерија на Академијата е најголемиот музеј на уметностите во Венеција, Италија. Таа е основана од венецијанскиот Сенат во 1750 г. на јужниот брег на Гранд-Канал како училиште за сликарство, скулптура и архитектура при Ликовната академија.Изградена е на местото, каде некогаш биле сместени венецијанските христијански братства и црковни заедници. Во 1879 г. галеријата официјално се одделува. Таа го дава името на еден од четирите мостови над каналот: Ponte dell'Accademia. Фасадата на зградата е од 19 век. Галерија Академија е еден од најзначајните музеи во Венеција, претставува најпозна збирка на венецијанска уметност до 18 век. Се чуваат над 800 слики, меѓу кои творби на прославени мајстори. Галеријата се гордее со творби на Белини, Тицијан и Тинторето, Веронезе, Тиеполо, Џорџоне, Џентиле, Каналето и др. Симболот на музејот е популарната скица ''Витрувијанскиот човек'' на Леонардо да Винчи.