
Големиот кинески ѕид е најголемиот архитектурен споменик во светот. Подигнат е во 3 век п.н.е. за заштита на северозападните граници на империјата. Името на кинески е ''Чанчан'', кое во превод на македонски јазик значи ''долг заштитен ѕид''. Низ вековите, ѕидот многу пати е зацврстуван и доизградуван. Деловите од ѕидот, кои се зачуани до денес, се изградени во периодот меѓу 14 и 17 век. Големиот кинески ѕид е едно од Новите 7 чуда на светот. Според најновите пресметки должината и' е малку повеќе од 21 илјади километри. Големиот кинески ѕид се смета и за симбол на тиранијата, така што за нејзината изградба се ангажирани стотици илјади луѓе - мајстори, затвореници, војници и селани, кои многу од нив умираат за време на изградбата. Ова го поттикнува народот да создаде многу истории и легенди, поврзани со ѕидот.