
Градината ''Јуј Јуан'' или Градината на радоста во Шангај е една од главните забележителности на градот. Создадена е во втората половина на 16 век. Гувернаторот Пан Јундуан решава да создаде градина по примерот на императорските градини во Пекинг. Тој сакал неговите родители, кои немало како да ја посетат престолнината, поради тоа што биле многу стари, за да можат да видат како изгледа една таква градина. Затоа тој решил да и' го даде името Јуј Јуан, кое значи ''градина на радоста''.
Низ вековите градината многу пати ги менува своите сопственици, поради кое таа е раширувана и променета. Градината денешниот вид го придобива по реставрацијата во 1956 година.