Градините Боболи

Фиренца, Италија

Градините Боболи се наоѓаат на истоимениот рид зад дворецот Пити и достигнуваат до Порта Рамана. Во минатото земјите на ова место биле во сопственост на семејство ''Борголини'', од кад доаѓа и името на ридот. Дворецот Пити бил главното седиште на Медичи - големите војводи на Тоскана. Тие ја закупуваат палатата во 1550 г. Тогаш паркот се нарекувал градините на Пити. Низ годините паркот бил многукратно реставриран и рашируван, каде паралелно се додавале полјани, аели, мали пештери, убави панорамни изгледи. Постепено градините добиле естетски изглед со додавање на дополнителни декоративни елемнти - богати украси од статуи, широки чакални алеи, фонтани, нимфи, храмови. Дури самите градини немаат свој извор на вода, бил изграден систем за водонознабдување од водите на река Арно. Уште на почетокот на нивното создавање е изграден систем на нопојување. Во 1620 г. градините се шират на запад и алејата, која води нагоре кон врвот на ридот, е продолжена надолу кон волшебната овална градина со прочуеното Изолето - остров со лимонови дрвја и скулптури. На островот е расположена статуата на Океан, од класиците опишуван како ''најпростата и највеличенствената фонтана во цела Италија и целиот западен свет''. Од градините се отвора неверојатна панорамна глетка кон цела Фиренца. Во градините е создаден жив музеј на природна убавина, кој и до ден ден ги восхитува уметниците и твроците.

Екскурзии и одмори до Италија »