Градините на Хенералифе

Аламбра, Шпанија

Градините на Хенералифе се наоѓаат на падините на Сончевиот рид, од каде се отвора целосен поглед кон долините на соседните реки. Има различни интерпретации на името: ''Градината на Гувернаторот'', ''Градините на Архитектот'' (аралифе), ''Зеленчуковата градина'' и др. За краловите на Гранада, Хенералифе било место за одмор и бегство од официјалните делови на дворецот. Изградени се во 13 век и се декорирани повторно во 14 век, како што дознаваме од натпис од 1319 г. И покрај нивната блискост до Аламбра и покрај блиската врска меѓу двете, се смета, дека градините се наоѓаат надвор од градот. Во денешно време Хенералифе се состојат од две групи згради, соединети од Платио де ла Асекиа. И покрај тоа , тешко е да разбереме, како изгледале градините во својата првобитна состојба, поради тоа што се менувани и градени одново низ различни етапи од христијаснкиот период. Во Хенералифе зградите не се богато декорирани, како во Аламбра, а се едноставни и цврсти згради. По ваков начин е постигната интимна и спокојна атмосфера, кои краловите ја барале, доаѓајќи во овие градини.

Екскурзии и одмори до Шпанија »