
Посетата на дворецот “Скун“ дава одлична можност, човек да придобие претстава за начинот на живот на еден цар. Разгледувајќи го интериорот - мебелите, посадите, целиот амбиент, лесно може да се придобие претстава за црскиот раскош. Дворецот е расположен во шкотскиот град Парт. Околината е богата со историја, првично тука било местото на ранохристијанската црква. Во периодот меѓу 114 – 1559 г. "Скун" бил еден од главните манастири во Шкотска. Во 1559 г. дворецот бил целосно разрушен, а во 1808 е одново обновен. Благодарение на преживеаните дела и археолошките податоци, може да се тврди, дека замокот е изграден во романски стил. Денес дворецот е отворен за посети, на гостите им се дава можност да ги разгледаат некои од собите во дворецот. Опременоста со квалитетен мебел, орнаментите од слонова коска и целосниот интериор на дворецот го воодушевуваат секој еден посетител.