
Дворецот „Whitehall“ бил главната резиденција на англиските монарси во Лондон од 1530 г. до 1698 г., кога сите простории (со исклучок на Банкетната сала) се уништени од пожар. Пред пожарот дворецот бил најголемиот во Европа, со над 1500 соби, а во определен период бил најголемата зграда во светот.
Дворецот го дава своето име Whitehall на денешниот комплекс од административни згради на британската влада.