
"Ахилион" се наоѓа меѓу бујната вегетација на Крф, во внатрешноста на островот. Изграден во XIX в. како летна резиденција на императорката Елизабета Австриска (позната како Сиси), дворецот последователно станува сопственост на германскиот кајзер Вилхелм. И двајцата оставиле свој отпечаток во архитектурата и вантрешното уредување на Ахилион, за комплексот да го придобие денешниот впечатлив изглед. Во внатрешноста уредена му е музејска експозиција, посветена на животот на овие колоритни личности. Воодушевуваат со статуите на победоносниот и умирачкиот Ахил во паркот на дворецот, композицијата “Годишните времиња“, како и погледот кон град Керкира и морскиот брег од страничната панорамна постојка.