
Дворецот "Хава Махал" е една од главните забележителности на Џајпур и е завршен во 1799 г. Името во превод значи “Дворецот на ветровите“. Се смета, дека “Хава Махал“ е женски дворец, изграден за жените на крелското семејство, давајќи им можност да набљудуваат од собите кон градот. Денес посетителите на дворецот во него можат да влезат низ императорската порта, а внатре има голем двор, во кој се наоѓа археолошкиот музеј на Џајпур.