
“Дворецот на архиепископот“ е зграда во неокласичен стил, која се наоѓа во Братислава. Граден е 3 години (1778 - 1781) и била дом на архиепископот Јозеф Батиани. Дворецот е на три катови и во него се озджуваат многу важни за градот настани. Најпозната е “Салата со огледала“, затоа што во 1805 година во оваа сала бил потпишан мировниот договор по битката кај Аустерлиц, кое става крај на војната на Третата коалиција. Унгарскиот крал Фердинанд Петти ја објавува првата унгарска влада и ги потпишува Априслките закони во оваа зграда. Градот ја откупува зградата во 1903 г. За време на реконструкцијата, во зградата биле откриени прекрасни тапети, кои ја прикажувале трагичната љубовна историја на Херо и Леандар. Интересен факт е, дека тапетите биле направени од ткаенина, веројатно исткаени во 30-те години на 17 век.