Делтата на река Меконг

Река Меконг, Виетнам

Патувањето низ делтата на река Меконг, кое вклучува еден од најколоритните пловечки пазари во Виетнам - “Кај бе“, е многу живописно и различно за европскиот и северноамериканскиот турист. Една петтина од 73-милионото население на Виетнам, најгусто населената држава во азискиот југоисток, живее по делтата на река Меконг. Населението, кое, е карактеистично со широката конусовидна сламена шапка, со раце и нозе во калта работи од утро до мрак, одгледува 40 милиони тони ориз. Ова ја прави Виетнам еден од главните прозводители во светот. Вечерам на виетнамски е „ан ком“, кое во превод значи „си го јадам оризот“. Виетнамците ја нарекуваат реката Меконг - Куу Лонг, деветте змејови, поради бојата на ракавите, на кои се разделува. Но исто така и Дат Ноук, земја-вода, кое на нивниот јазик значи „татковина“. До овој амфибиски свет се стигнува по пат, кој тргнува од град Хошимин и минува низ оризница, која потсетува на огромна табла за шах: растенијата во зелените квадрати тукушто никнале, додка во жолтите, веќе узреале и се нишаат на ветерот. За време на жетвата во сувиот период натежнатите златни класови преземаат дел од асфалтот, за да бидат прегазени од автомобилите.

Екскурзии и одмори до Виетнам »