
Град Евора се наоѓа во јужниот дел на Португалија, во регионот Алентехо. Се наоѓа на 140 км. од главниот град Лисабон. Населението брои околу 40 000 жители.
Градот успешно развива културно-познавателен туризам.
Благодарение на многуте историски и архитекурни објекти, стариот град (историскиот центар) е вклучен во Списокот на светско културно наследство на УНЕСКО. Евора е дел од групата на најдревните европски градови.
Една од главните забележителности во градот е рисмкиот храм, кој датира од I век, кој е посветен на императорот Август. Други интересни забележителности се: аквадуктот „Сребрена вода“ (Агуа де Прата); катедралата (XIII-XIV век), која е една од најважната готска зграда во португалија како и црквата Св. Франциск.
Град Евора се реди на второто место во државата според најдобри услови за живот.