Етна

Виториоза, Малта

Етна е активен вулкан, расположен во северозападниот дел на остров Сицилија, блиску до Месина и Катанија. Се смета дека постои веќе 300 илјади години. Изграден е од базалти, а височината му достигнува до 3323 метри надморска височина. Ова го прави највисокиот вулкан во Европа, како и највисокиот врв во Италија на југ од Алпите. По падините има 200 кратери и потоци од лава. Височината на вулканот уствари, низ годините варира и денес тој е 21 метар понизок, отколку што бил во 1981 г. Вулканот претставува најголема туристичка атракција на остров Сицилија.

Неколку убави легенди се поврзани со овој “издишан“ вулкан. Една од нив ракажува, дека во неговото подножје всушност се родила Венера. Според друга - кратерот ја претставува ковачницата на бог Хефес и дом на еднооките циклопи. Најромантичната лехенда гласи, дека под вулканот се венчаат само највљубените, чијашто сила на чувствата може да се спореди само со огнена стихија.

Во целата своја историја Етна еруптирал околу 135 пати. Првата историска позната ерупција на вулканот е во 475 г. п.н.е. На 11 март 1669 г. започнува најмоќната ерупција на вулканот, која траела 4 месеци. Како резултат на тоа загинуваат 20 илјади луѓе, а 50 градови се уништени. Вулканот е активрн во различен степен, при што поскора ерупција имало во јануари и април 2012 г., 26 октомври 2013 г., 23 ноември 2013 г. Најскората ерупција беше на 3 декември 2015 г. Учените тврдат, дека последната ерупција била најмоќна во последните 20 години.

 

 

Екскурзии и одмори до Малта »