
Жеронимуш е манастир, кој се наоѓа во населбата Белем, Лисабон. Изграден во 1601 г., овој манастир се смета за ремек-дело на португалската мануелинска уметност. Изграден е врз стара црква, манастирот е нераскинливо поврзан со историјата на Големите географски откритија. Васко де Гама и неговите сопатници во овој манастир ночта пред да запловат кон Индија ја поминале во молитва. Изградбата е финансирана со парите, добиени од препродажба на индиски стоки и зачини. Реконструкции се извршувани во 1520 и 1580 година, како и обновување во XIX век.