
Замокот "Бларни" е средновековна тврдина во село Бларни, грофство Корк. Изграден е во средината на 15 век. На ова место пред него имало две постари тврдини, првата од кои била дрвена. Во нејзиниот горен дел се наоѓа “Каменот на красноречието'', за кој се смета, дека е дел од Каменот на удбината од Скун. Според легендата на Каменот на судбината биле кринусувани кралевите од Средновековието. Тоа го прави “Бларни“ една од најпопуларните дестинации на англојазичниот свет. Годишно се посетува од десетици илјади туристи, кои се причина туризмот да се претвори во главна дејност на локалното население. Посетителите го бакнуваат овој камен со надежда да ги дари со красноречие. Тврдината е заобиколена со градини, во кои има различни интересни карпести образувања, како на пр. Карпата на друида, Пештерата на вештерката и Скалите на желбите. Езерата околу тврдината се полни со монети, фрлени од туристите во водата.