Замокот "Бран"

Брашов, Романија

Замокот "Бран" се наоѓа во Карпатите, на околу 50 км југозападно од Брашов. Ова е средновековна тврдина, чие име секогаш се поврзува со легендата за Дракула. Изграден во 1377 г. за да го заштитува Брашов од унгарците, а подоцна и од турците, замокот е расположен на врвот на рид, одкаде се открива живописна глетка кон истоименото село. Според историчарите вистинското име на гроф Дракула е Влад Цепеш. Тој е познат како исклучително жестока личност, особено кон кратците и непријателите. Заробените и осудените биле набиени на долги колови, додека на умрат од загубата на крв. Покрај се' Дракула е фолклорен херој за локалното население, кое го почитува поради својата тврдина, со која тој се исправува против турците и некои од влашките благородни семејства. Денес посетителите можат да влезат и да ги разгледаат останките на легендарниот гроф. Во близина на "Бран" е изграден етнографски музеј на отворено, кој ги претставува карактеристичните за областа стари романски куќи.

Екскурзии и одмори до Романија »