
Ова е најголемиот населен замок во светот, како и најстариот се' уште населен замок. Изграден е од Вилијам Освојувачот во 11 век како одбранбен објект. Замокот е официјална кралска резиденција уште од времето на кралица Викторија во 19 век.
8 кралски династии го населувале раскошниот замок. Во 1992 г. пожарот уништува значаен дел од апартманите за лично и церемонијално користење. 5 години подоцна, дворецот е обноцен во претходниот блесок, каде при реставрацијата на зградата се искористени истите техники уште од времето на Вилијам Освојувачот.
Интересни за туристите се смената на стражарите, која се изврѓува, дури кога кралицата не е во резиденцијата, „Куклениот дом“ на кралица Мери - прекрасен минијатурен замок, капелата „Св. Ѓорѓи“, како и убавиот парк на комплексот.