
Првите писмени документи за Мелк датираат од 831 г., каде градот е споменат со името Медилика. Во 976 г. маркизот Леополд І Бабенберг ја претвора тврдината во Мелк во своја резиденција, која неговите наследници ја опремуваат со скапоцени богатства и реликви. Од тој момент, судбината на Мелк е тесно поврзана со таа на Бабенбергите, чиишто имоти стануваат јадро на современа Австрија. Со раширувањето на земјите на исток, центарот на власта на Бабенбергите се преместува во Тулн, а подоцна во Клостернојбург. На овој начин замокот Мелк го губи своето стратешко значење и Бабенбергите го отстапуваат на монасите од Орденот на Св. Бенедикт, кој со текот на времето го претвораат во еден од најпознатите и најбогатите манастири во Централна Европа. Во 1989 г. манастирот во Мелк ја празнува својата 900- годишнина од денот, во кој е претворен во монашки манастир.