Катедралата "Саграда Фамилија"

Барселона, Шпанија

Катедралата ''Саграда Фамилија'' е најголемата христијанска градба во чест на Светото семејство во Шпанија. Исклучителна метафора на христијанската религија. Проектот на катедралата вклучува три величенствени фасади: источна, посветена на раѓањето на Исус, западна - Страстите Христови и јужна - која го величи неговото име, која е најголемата од сите. Секоја фасада има по четири кули, симболизирајќи ги дванаесетте апостоли. Заоблената кула во форма на купола над апсидата е симбол на Божјата мајка. Четири големи кули на четирите евангелисти, ја опколуваат централната, симболизирајќи го Спасителот. Катедралата е дело на ''омилениот син на Барселона'' - Антонио Гауди и е неговиот најголем проект. Тој работи на него повеќе од 40 години. Гауди умира во 1926 г. пред да ја заврши. Изградбата за нејзиното завршување започнува во 1978 г. Денес архитект на катедралата е Жорди Бонет. Се смета дека, катедралата потполно ќе биде завршена во 22 век. Причината за одолговлекување на периодот на доизградба е неопходноста од користење на традиционални техники, во склоп со современите. Не треба да се отфрла фактот, дека, за завршувањето на катедралата се ' уште се води полемика меѓу приврзаниците на оваа идеја и тие, кои ја отфрлаат.

Екскурзии и одмори до Шпанија »