Катедралата "Сан Марко"

Венеција, Италија

Историјата на црквата започнува пред нејзината изградба - во 829 г., кога телото на Св. Марко - еден од четирите евангелисти, е украдено од Александрија/Египет/ и пренесено во Венеција. Три години покасно е осветена од првата базилика, во чест на светецот. Но во формата, во која е позната денес, црквата е изградена во 1063 г. Освен да се оддаде почит кон Св. Марко, со катедралата се целело да се демонстрира моќноста на Венецијанската република. Изградена е по пример на црквата “Дванаесетте апостоли” во Константинопол – со пет куполи, во венецијански стил. Во славните години на републиката секој брод, кој ќе се закотвел во градот требало да направи подарок за катедралата. Денес највредните од нив се чуваат во ризницата на храмот. Таму се наоѓаат знаменитиот Златен олтар (Pala d'Oro), украсен со повеќе од 2000 скапоцени камења и прочуените бронзени коњи, донесени од Константинопол по неговото завладејување од крстоносците.

Екскурзии и одмори до Италија »