
Катедралата "Св. Павел" е една од најпрекрасните катедрали во цела Европа. Нејзините огромни размери се впечтливи, а куполата единствено й е надмината единствено до таа на базиликата „Св. Петар“ во Рим. Храмот „Св. Павел“ бил подигнат во 17 и 18 век, меѓу 1675 и 1710 година. Но векови пред тоа на ова место имало религиозни градби, денешната е четвртата на оваа лондонска територија, аспоред некои извори, дури петтата.
Катедралата “Св. Павел” е ремек-дело на архитектот Кристофер Рен. Со своите 111 метри височина таа е највисоката градба во Лондон низ годините меѓу 1710 и 1962. Редица важни настани на кралскиот двор низ вековите се одржани во Свети Павел.
Во северозападната кула на храмот има 13 камбани, секоја од која ормира различен тон на ѕвонење. Во југозападната кула има само четири камбани, но една од нив е грандиозната близу 17-тони камбана, која го носи името Велики Павел. Датирајќи од 1881 г. таа е најголемата камбана на Британскиот остров.