
Катедралата во Монако е изградена во 1875 г. на местото на постара црква од 13 век, посветена на Св. Николај. Тука го наоѓаат својот вечен спокој сите принцови и принцези на Монако, вклуително и најсаканата од нив - принцезата Грејс. Катедралата остава голем впечаток со Големиот олтар и Епископскиот престол од бел мермер од Карара, како и со неверојатните оргули, кои можете да ги чуете само на големи религиози и национални празници.