
Кај Ранг е пловечки пазар кој се наоѓа блиску до Кан Тхо, Виетнам. Ова е еден од трите најголеми пловечки пазари во областа на реката Меконг. Тука може да се купи се', од плодови, зеленчуци и готвени јадења до облека и книги. Пловечкиот пазар е познат кај туристите, затоа што така имаат можност да допрат до културата на луѓето, кои живеат во околината. Луѓето тука се запознаваат од поколение на поколение со животот на пловечки бродчиња. За некои од нив, бродчињата не се само место за трговија, а се користат и како куќи, така дел од луѓето поминуваат повеќе време на реката одколку на земја.