
Каџурахо е еден од бесмртните симболи на Индија, сон за тие, кои ја сакале оваа земја и нејзината култура. Најстариот храм е Чаусат Јогини, исто така треба да се посети и храмот на Читрагупта, посветен на Богот на правдата. Повеќето храмови се изградени меѓу 950 и 1050 г. за време на династијата Чандела. Денес зачуваните храмови се прекрасен пример за индоарискиот архитектурен стил Нагара, карактеристичен со своите извиени кули и множество скулптури. Ѕидовите на храмовите се покриени со сцени од животот на древните владетели, прикажани се различни божества, музичари, животни, како и многу еротски сцени. Се смета, дека храмовите во Каџурахо повторно ја создаваат и ја благословуваат жената во сите нејзини форми, расположенија и инкарнации.