
Конкатедралата “Св. Јован Крстител” е католичка црква во центарот на малтската престолнина Валета. Црквата има статут, еднаков на тој на катедралата во стариот главен град Мдина, и затоа ја нарекуваат конкатедрала. Изградена е во 16 век како монаска црква за орденот на хоспиталиерите и е посветена на патронот на орденот Јован Крстител. Претставува ремек-дело на барокната архитектура. Строгата и сурова фасада контрастира со раскошот на интериорот, кој ги зачувал најдобрите традиции на барокот. Таа е позната со вредни фрески, кои го прикажуваат животот на Јован Крстител, вграден во 360 мозаични гробнци на Великите магистри и величествената колкеција од фламандски гоблени. Тука се наоѓа и специјално нацртана за уредениот параклис, цртеж “Обзглавувањето на Јован Крстител“ од Караваџо.