Концертна сала "Атене"

Букурешт, Романија

 "Атене" е најпрестижната концертна сала во Букурешт и една од најубавите згради во градот. Зградата е изградена во 1888 г. во неокласичен стил по проект на францускиот архитект Албер Галерон. Голем дел од средствата за изградбата се собрани од донации на локалните жители, кои реагираат на молбата да учествуваат во нејзината изградба. Високата 40-метарска кулопа и дориските столбови на зградата во голем степен потсеќаат на антички грчки храм. Во внатрешноста на зградата се прикажани сцени од римската историја. Денес во “Атене“ првенствено се органзираат концерти со класична музика. Пред зградата е подигнат споменик на најпознатиот романски поет - Михај Еминеску.

Екскурзии и одмори до Романија »