
Кралскиот дворец првично е изграден во 1815 г., но претрпува редица промени низ годините. Денес тука е сместен Националниот музеј на уметноста, создаден малку по крајот на Втората светска војна. Во него се изложени зачуваните колкеции на кралското семејство, како и цртежи од други музеи во Букурешт, кои заедно земени го претставуваат темелниот развиток на уметноста во Романија од Средновековие до денес. Исто така во музејот се претставени и некои творби на познати западноевропски сликари. За време на бунтовите против режимот на Чаушеску во 1989 г. на зградата на дворецот се нанесени значителни штети, затоа подоцна е реновирана.