Куќата на Рубенс

Антверпен, Белгија

Петер Пол Рубенс - една од најпознатите личности на Антверпен, е роден во германскиот град Зијген во 1577 г. (иако двајцата родители му се од Антверпен). Во 1589 г., мајка му, заедно со четирите деца, повторно се преселува во Антверпен, а младиот Рубенс станува ученик кај некои од најпознатите фламандски сликари. Во 1598 г. станува член на еснафот на сликарите на “Св. Лука“. Меѓу 1600 и 1608 г. престојува во Италија кај војводата на Мантуа. По завршувањето во Антверпен тој е објавен за придворски сликар. Во истата 1609 г. се жени за Изабел Бранд, со која имаат три деца. Сите значајни цркви во градот со денес се украсени од него, или од ученици од неговата школа. Во 1626 г. сопругата му умира, и за да се оттргне од болката тој прифаќа политичка мисија во Мадрид. Во Шпанија работи за дворот на Филип ІV,кој од своја страна му доделува дипломатски обврски во Лондон - во дворецот на Чарлс І. Дури тогаш уметноста и политиката одат рака под рака. За заслугите за постигнување на мирен договор меѓу Англија и Шпанија, му е доделена витешка титула. Враќајќи се во Антверпен, 53-годишниот мајстор се жени за доста помлада жена (36 г.) Хелена Формент, со која имаат уште пет деца. Во последните 10 години од својот живот Рубенс создава уште многу ремек-дела. Умира на 30 мај 1640 г. и е погребан во црквата Св. Јаков. Рубенс и неговата школа се автори на аколу 2000 цртежи, 600 кои произлегле од четката на самиот мајстор. Куќата, во која се создадени дел од нив, претставува комплекс од згради, раположени околу внатрешен двор и користени освен како дом и како студио на сликарот. По неговата смрт, зградата била во сопственост на различни сопственици, користена и како училиште, затвор, дури и коњска штала. Во крајна сметка, по многу околности, куќата станува сопственост на градот и започнува да се реставрира. Така таа го обновува изгледот од 17 век и денес привлекува погледи, како со својата архитектура, така и со тоа, што е скриено зад неа - бесценетите платна на Рубенс.

Екскурзии и одмори до Белгија »