Куќата на пеперудите

Виена, Австрија

Куќата на пеперудите е дом на илјадници шарени кревки суштества. Таа се наоѓа во центарот на градот, во едно од крилата на дворецот ''Хофбург'', зад знаменитиот споменик на Моцарт. Објектот со површина од 280 м.кв наликува на огромна стаклена градина. Внатрешната температура е 26 степени, влажноста - 80% - природните услови за живот на пеперудите. Жителите на куќата се околу 4000 видови дневни и ноќни пеперуди. Точно на влезот е поставен голем стаклен аквариум, во кој живеат какавидите. од кои за брзо време ќе излезат нови пеперуди. Во аквариумот се поставени табли, кои разкажуваат како се размножуваат тропските пеперуди, каков е циклусот на нивното развивање и какви видови има во музејот. Исто така можете панорамно да го видите целиот музеој одгоре, кога ќе се качите на балконот. Во влезот има мала продавница, во која можете да си купите секакви книги, албуми, енциклопедии, сувенири поврзани со пеперудите.

Екскурзии и одмори до Австрија »