
Лима е главен град на Перу, а исто така најголем град во државата. Расположен е во западниот дел на Централен Перу, на тихоокенското крајбрежје. Основан е во 1525 г. од шпанскиот освојувач Франциско Писаро. Населенеито на градот е околу 7.6 милиони жители, а агломерацијата брои над 8,4 милиони жители (околу 1/3 од целото населени на државата).
Во градот можат да бидат посетени голем број архитектурни и историски споменици на културата. Историскиот центар на Лима е еден од нив. Не случајно центарот е вклучен во списокот со светското културно наследство на УНЕСКО - тука се наоѓаат Катедралата, Општината и Архиепископскиот дворец.
Мнастирот на Франциските е меѓу интересните објекти на главниот град. Во градот се наоѓа и најстариот универзитет на Јужноамериканскиот континент, а исто така и Националниот универзитет Сан Маркус, отворен во 1551 г. Лима предлага множество различни музеи, каде еден од најпознатите и посетувани е тој на златото.
Додека сте во посета на Лима не пропуштајте да пробате и многу од кулинарните деликатеси, кои се предлагаат. Перуанската кујна станува се' попопуларна, а во Лима има изобилство од ресторанти за сечиј буџет.