Линц

Австрија

Линц е третиот по големина град во Австрија со население од околу 190 000 жители и е административен центар на провинцијата Горна Австрија.

Расположен е во североисточниот дел на државата, на брегот на река Дунав. За градот може да се каже, дека лежи во центарот на Европа, затоа што тука се сечат главните транспортни врски меѓу Париз и Будимпешта, како и Малмо-Трст.

Наследник на римскиот град Ленција, современиот град Линц е центар на богат културен и општествен живот. Интересни забележителности се црквата „Постлингберг“, Старата и Новата катедрала, Замокот на Линц, Музејот на Горна Австрија, музејот на современа уметност „Лентос“, театар вериете „Хамелеон“, концертен центар „Брункер“, Центарот за електрична уметност идр. Во 2009 г. градот беше културна престолнина на Европа.

Екскурзии и одмори до Австрија »