Лисабон

Лисабон, Португалија

Лисабон е главниот и наголемит град во Португалија со население од околу 600 000 жители, а со предградијата - околу 2 800 000 жители. Расположен е при вливањето на река Тежу во Атлансткиот Океан. Основан е како феникиска или грчка колонија, по завладувањето од римјаните градот е вклучен во провинцијата Лузитанија. Завладеан е од маврите околу 711 г. и е одново преземен во 1147 г. од Афонсу Енрикеш, првиот крал на Португалија. Лисабон станува престолнина на земјата во 1260 г., а во 1290 г. е основан Лисабонскиот универзитет. Лиасбон го достигнува својот најголем расцвет во 16 век, за време на португалската империја. Тој се претвора во европскиот центар на трговијата со Азија, каде во истото време во него се излива златото, произведено во Бразил. Овој подем не е прекинат и од катастрофалниот земјотрес на 26 јануари 1531 г., при кој загнуваат илјадници жители на градот. На 1 ноември 1755 г. Лисабон е зафатен од големиот Лисабонски земјотрес, при кој загинуваат 90 000 жители, околу 1/3 од жителите на градот, и скоро сите згради се разрушени. Градот е обновен по план на маркизот Помбал. Лисабон е центар на републикаснки метеж во октомври 1910 г., како и на Револуцијата на карамфилите од 25 април 1974 г., довела до демократизирање на Португалија.

Екскурзии и одмори до Португалија »