
Малото Преспанско Езеро е езеро в географската област Македонияјаразделено меѓу Грција и Албанија. Езерото е дел од групата на Егејските езера и е расположено на надморска височина од 358 метри во западниот дел на Македонија во Преспанската котлина на југ од Големото Преспанско Езеро. Површината му е 48 км.кв.,а длабочината околу 8 метри. Има овална форма, каде поголемиот дел му е во Грција, на територијата на Преспа (43,5 км²), и само еден мал дел во Албанија, на територијата на област Девол (3,9 км²). Најголемата притока на Малото Преспанско Езеро е Стара Река (Палиорема или Агиос Германос), која извира од планината Пелистер и има должина од околу 10 км. Во 1936 г. грчката влада го изместува текот на Стара Река во насока кон Големото Преспанско Езеро, во кое таа истекува и ден денес. По неколку години е ископан вештачки канал, кој ги поврзува двете езера. по кои ожат да пловат рибарски бродчиња. Денес овој канал е затворен по природен пат и двете езера се повторно разделени. Езерото е дел од големиот Природен парк Преспа, оформен од трите влади - на Република Македонија, Грција и Албанија, во областта Преспа. Областа е дом на многу загрозен вид на птици, како пеликани.