
Манастирот Џвари е расположен на рид и многу добро се гледа од старата престолнина. Тој е еден од емблематичните објекти во градот. Манастирот е важен објект за поклон уште од своето основање. Зборот Џвари на грузиски значи "крст". Според легендата на територијата на манастирот живеела Св. Нино Кападокиска, која го моли Господ за извор со лечебна вода. По прифаќањето на христијанството во Грузија во 326 година, тука е поставен крст, кој се смета за чудотворен и се почитува од сите кавказки христијани. Потоа е изграден храмот во периодот 585-604 година. Денес тој го носи името „Храм на Светиот крст” и е најстариот манастир во Грузија.